Директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Горанче Савовски учествуваше на Третиот состанок на Генералните Директори на полициите/Бироата за јавна безбедност/граничната полиција на земјите членки на Салцзбуршкиот Форум и партнерите од Централна и Југоисточна Европа кој вчера (23.09) се одржа во седиштето на Европол во Хаг.
На овој состанок беше презентиран документот за зајакнување на понатамошната соработка и активно учество во заедничките мерки за борба против илегалната миграција и криумчарењето на лица со којшто треба да се воспостават рамки за интензивирање на меѓуполициската соработка на земјите членки на Салцзбуршкиот Форум и партнерите од Централна и Југоисточна Европа. Особено во контекстот на актуелните случувања со мигрантската криза односно бегалците од Блискиот и Среден Исток. Притоа на состаноткот свое обраќање имаше и Директорт Савовски кој ги презентираше сите досега преземени мерки и активности од македонските институции во справувањето со миганциската криза како и согледувањата за поголема регионална и европска кооперативност во натамошното справување со кризата. Инаку овој документ беше подготвен на претходниот состанок за борба против илегална миграција и предизвиците со кои се соочуваат земјите поради зголемениот миграциски притисок кон Европската Унија, одржан јули годинава во Софија, Р.Бугарија.
На маргините од Салзбуршкиот форум Директорот Савовски имаше кратка неформална средба со Директорот на Канцеларијата за истраги и контраразузнавање при Службата за дипломатска безбедност на САД г-дин Кимбер Дејвидсон.
Исто така денеска Савовски учествува и на Состанокот на Европските полиции во седиштето на Европол во Хаг. Свое поздравно обраќање на состанокот имаа Директорот на ЕВРОПОЛ г-дин Роб Вајнврајт како и Директорот на американската ФБИ г-дин Џејмс Комеј.