Вчера издадени 2.084 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 08,00 часот на 23.09.2015 до 24.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.084 странски државјани, од кои, 1.396 се од машки пол, 231 се од женски, 372 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 85 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.013, Авганистан –631, Ирак-334,додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 24.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 94.842 странски државјани, од кои, 63.128 се од машки пол, 12.839 се од женски, 15.832 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 3.043деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-73.497, потоа Авганистан-8.647, Ирак-5.580, Пакистан-2.611 Палестина-1.041, Сомалија-628, Бангладеж-602, Иран-478, Конго-368, Нигерија-221, Камерун-169, Еритреја-163, Етиопија-126, Судан-111, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 23.09.2015 до 24.09.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил поднесено е едно барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на еден државјанин на Сирија .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 24.09.2015 година до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 37 барања се од државјани на Сирија, од нив 10за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 23.09.2015 година евидентирани се 5 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две малолетни лица без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Црвен крст мобилни тимови
22.09/ 17.00 – 23.09 / 17.00

Табановце
Укажана прва помош :294 лица

Вода :198 шишиња

Пакети со храна: 18 ( дополнително се поделени 200 сендвичи донација од Прокредит банка)

Ќебиња: 11
Пакети со хигиена: 6

Бисквити: 22 кутии

Чоколадно млеко: 33

Млеко за бебе:5

Шише за бебе : 4

Транспорт до болница : 1

Гевгелија
Укажана прва помош: 641 лице

Вода : 5460 шишиња

Хигиенски пакети: 111

Пакети со храна : 301

ќебиња: 107
Бебешки пелени: 79

Бебешки пакети:2

Бисквити:460 кутии

Транспорт : 2 лица.