Секторот за меѓународна полициска соработка, односно одделението НЦБ Интерпол Скопје при МВР на РМ, вчера беше информирано од страна на косовската полиција дека во Република Косово е приведено лице кое се бараше по меѓународна потерница пради сомение за сторено кривично дело “учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации“.
Веднаш по добиеното известување стапено е во контакт со косовската полиција и по размената на информации потврдено е дека станува збор за лицето Б.Б. (40) од Скопје кој се бараше со меѓународна потерница во врска со оперативната акција “Ќелија“ по којашто истиот беше опфатен со кривичната пријава поднесена во август годинава против 36 лица од Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово и Струга поради што од надлежниот суд во отсуство му беше изречена мерка притвор.
Истиот се товари дека учествувачл во групата вршејќи разни акивности како индоктринација, логистика и помагање при испраќањето на македонски државјани да се борат на страната на ИСИС. Б.Б. и претходнио и е познат на полицијата и во неколку наврати е криично пријавуван.
Инаку, како што МВР претходно информираше, оперативната акција “Ќелија“ беше реализиран на почетокот на август годинава (06.08.) како резултат на повеќемесечна координирана истрага во која беа собрани докази за лица кои учествувале во паравоени формации, во собирање финасиски и други логистички средства за потребите на паравоени формации, како за врбување и поттикнување на лица да се приклучат во паравоени формации. Исто така беа собрани и докази и за сокривање на лица кои веќе учествувале во паравоени формации надвор од територијата на РМ или пак оствариле обид за тоа. Во рамки на акцијата беа извршени 28 претреси во Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово и Струга, беа запленети поголема количина технички средства (копјутери, лап-топи, таблети, мобилни телефони, и друго).