Трибина – „Јас како странец и мојот студенски престој во Република Македонија“

РЦ за ГР Север завчера (15.10.) во просториите на Американ колеџ -Универзитет во Скопје во коорганизација со Секторот за гранични работи и миграции – Отсек за странци и реадмисија и со мисијата на ОБСЕ во РМ одржа трибина наменета за странските студенти (претежно од Р. Турција) на тема: “Јас како странец и мојот студенски престој во Република Македонија“.

Целта на трибината беше информирање и запознавање на странските државјани-студенти во врска со процедурите околу регулирањето на привремениот престој во Р.Македонија потребен за нивно студирање, постапките кој ги води МВР на Р.М, согласно Законот за странци, постапката за донесување решение за дозвола на привремен престој на студенти за прв пат, како и продолжување на престојот.

За таа цел дополнително на студентите им беше доставен едукативен материјал-флаери со содржина за потребни документи за аплицирање за привремен престој на студент во Р.Македонија изработени на три јазици-македонски, англиски и турски јазик. Покрај едукативниот материјал флаери од страна на инспекторите за превенција на присутните им беше доставен и репрезентативен материјал, пенкала, освежителни пијалоци кој истите беа обезбедени за проектот од страна на ОБСЕ -Оддел за развој на полиција.