Во сабота големото финале на скоковите од карпи

Гледајте го крунисувањето на светскиот шампион од светската серија Red Bull Cliff Diving на 26-ти септември во живо на www.redbull.tv.

Извонредната сезона која започна со настанот кој за првпат се одржа во Колубија, дом на „големиот господин“ на спортот Орландо Дуке, а во неа во неколку наврати беа урнати рекордите во освоени поени и изведување фигури со најголем коефициент на комплексност во седумгодишната историја, ќе го достигне својот врв во последниот настан од сезоната оваа сабота. Мостот „Ла Салве“ во Билбао не само што ќе биде отскочно место за полетување на последните годинешни естетски слободни падови, туку и сцена каде што ќе биде направено примопредавање на шампионскиот трофеј за 2015 година. Истовремено тој ќе биде и арена каде што ќе се одржи јубилејното 50. натпреварување во скокови од карпи во Red Bull Cliff Diving, со поглед на музејот Гугенхајм кој го одзема здивот. Додека Англичанецот Гери Хант веќе ја обезбеди својата петта титула во овие седум години, останува неодговорено уште едно прашање: кои скокачи ќе ги пополнат шесте места кои автоматски се квалификуваат за следната сезона, зад петкратниот шампион?

Со беспрекорна изведба на скоковите, во кои беше вклучен и еден со трчачки залет, најдомнинантниот скокач во сезоната, 31-годишниот Гери Хант, го зазеде првото место во претходното натпреварување на југот од Италија одржано пред две седмици. Веќе недостижен во генералниот пласман, „брилијантниот Британец“ патува во Билбао со цел да ја освои седмата победа од вкупно осум натпреварувања, и да ја круниса тековната сезона. Борбата за првите три места во генералниот пласман допрва ќе се води меѓу Орландо Дуке и надежта на Мексико, Џонатан Паредес, меѓу кои разликата е 31 поен. Додека четвртата (Блејк Олдриџ 690 поени) и петтата позиција (Дејвид Колтури, 600 поени) се чини дека се решени, битката за шестото место ќе го достигне својот врв за време на 50-тиот настан, зашто на најдобрите шест спортисти ќе им биде дадено постојано место во сезоната 2016. Дали Русинот Артем Силченко (410 поени) кој доаѓа во Билбао со истегнат мускул на ногата или Чехот Михал Навратил (400 поени) можат да го турнат Американецот Енди Џонс (530 поени) кој е на посакуваното шесто место пред финалето, од оваа позиција во последната станица од сезоната 2015?

Ова нема да биде само неизвесна битка меѓу најдобрите светски нуркачи од карпи во нивниот скок кон совршенство, туку ќе биде и сцената на која ќе се круниса светскиот шампион за 2015 година: 27-метарскиот мост „Ла Салве“ во Билбао се протега над реката Нервион и го сече еден од врвовите на познатиот триаголен музеј Гугенхајм, кој може да се смета како врв на процесот за баскиска социјална, економска и естетска ревитализација.

Додека музејот во топ форма веќе остава одличен визуелен впечаток, четворица скокачи со вајлд-карта ќе дадат сè од себе да остават акробатски впечаток со нивните скокови кои имаат времетраење од три секунди. Мексиканецот Серхио Гузман, единствениот со вајлд-карта кој дојде до подиум во минатото, полскиот нуркач Крис Коланус, колумбискиот талент Мигуел Гарсија како и Американецот Кајл Митрион ја комплетираат листата за настап. Колку добро ќе се покажат овие возачи на предизвикот со брзина од 85 км/ч ќе процени интернационалната судиска петорка, предводена од Италијанецот Клаудио де Миро.

Ревносните гледачи покрај реката Нервион ќе имаат шанса да видат сложени скокови од кои застанува здивот, од висина речиси трипати поголема од олимписката. Освен тоа, и точно навреме за 50-тиот јубилеј, последната битка за 2015 година ќе биде емитувана во живо на www.redbull.tv во сабота, на 26 септемви, во 15.30 часот по централно европско време!

Пласман по 7 настани:

1. Гари Хант (Британија) 1290 поени, 2. Орландо Дуке (Колумбија) 810 поени, 3. Џонатан Паредес (Мексико) 779 поени, 4. Блејк Олдриџ (Британија) 690 поени, 5. Дејвид Колтури (САД) 600 поени, 6. Енди Џонс (САД) 530.

P-20150913-00435_News