Во периодот од 08,00 часот на 25.09.2015 до 26.09.2015 годинаво 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.738 странски државјани, од кои, 1.118 се од машки пол,218 се од женски, 315 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 87 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-903, Авганистан – 452, Ирак-246,додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 26.09.2015 годинаво 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 98.602странски државјани, од кои, 65.461се од машки пол, 13.325се од женски, 16.633се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 3.149деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-75.016, потоа Авганистан-10.289, Ирак-5.949, Пакистан-2.674, Палестина-1.076, Сомалија-628, Бангладеж-609, Иран-569, Конго-368, Нигерија-221, Камерун-178, Еритреја-163,Етиопија-126, Судан-113, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 08,00 часот на 25.09.2015 до 26.09.2015 годинаво 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 26.09.2015 година до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 37 барања се од државјани на Сирија, од нив 10за деца, потоа три барања од државјани од Пакистани Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.