Со театарската претстава „Ничија земја“ ,во изведба на Македонскиот народен театар, синоќа завшри, годинешното 57. издание на фестивалот „Охридско лето“. Претставата, на која присуствуваа и претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, градоначалникот Никола Бакрачески и заменик- министерот за култура Владимир Лазовски, беше изведена на просторот на некогашната воена касарна во Охрид, амбиент кој се вклопи во темата на поставката.
„Ничија земја“ , која е работена по филмското сценарио на Денис Танковиќ, а ја режираше Александар Морфов е слика на апсурдот на балканските народи и нивните ирационални интеракции како во мирнодопски, така и во воени услови. Драмската ситуација-војна во која се развива оваа црна комедија е метафора на нашата перманентна духовна, но и фактичка состојба на „војна и омраза“ до „братските“ соседни народи, но и внатрешно меѓу луѓето.