Најпознатиот охридски џез-музичар Владимир Четкар се врати дома.
Четкар и неговиот бенд имаа концерт на Гала вечерта „ABLE“ во организација на „Македонија 2025“ која се одржа во Колумбус, Охајо на 26 септември, каде присуствуваа премиерот Никола Груевски и поранешниот (43-от) претседател на САД, Џорџ Буш.
Денес можевме да го видиме Четкар во Охрид, како се враќа од неговата турнеја во САД.
И покрај тоа што Четкар долги години живее и работи во Њујорк, сепак батериите најдобро се полнат во родниот град, нели!?
Добредојде Четкар!
WebOhrid