Согласно Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, а во рамките на планот за асфалтирање на пристапни улици и патишта, во текот на денешниот ден ќе се асфалтира дел од улицата „Билјанини извори“, позади Основното музичко училиште „Методи Патче“ .
Поради изведување на градежните работи се апелира до граѓаните кои живеат на овој дел од градот, моторните возила да не ги паркираат на просторот зад музичкото училиште.
Пајакот преместуваше возила на паркингот кај Музичкото – активностите започнаа ден порано