Големото одбележување на Часот на планетата Земја во Македонија хит низ целиот свет!

Глобалната организација на Часот на планетата Земја објави специјално видео во кое е објавен видео инсерт од исклучувањето на осветлувањето на Археолошкиот музеј во Скопје.

Исто така, поради успешната кампања, видео инсерти од исклучувањето во Македонија беа споделени и во друго, таканаречено „видео на моменти“ во кои освен исклучувањето наосветлувањето Археолошкиот музеј, се појавуваат и децата од интернационалната британскаградинка во Македонија, дури пет пати!

Во сите видеа, Македонија се појавува под своето уставно име, Република Македонија.

„Ова е само доказ дека Македонија вчеравечер покажа дека ја има моќта да направи промена! Во нашиот медиа центар пристигнаа над 2000 фотографии и видеа од одбележувањето на Часотна планетата Земја низ целата Република и ние сме навистина среќни што постигнавме толку голем успех! Ова немаше да биде успешно без поддршката на градот Скопје, Црвениот крст наРепублика Македонија, Министерството за животна средина и просторно планирање, ЕВН Македонија и Агенцијата за енергетика.“ – изјави Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата во Македонија.

Во продолжение погледнете ги видеата кои заслужува да ги види цела Македонија



За Часот на планетата Земја Часот на планетата Земја е глобално еколошко движење креирано од WWF. Како една од првите кампањи креирана од луѓето за луѓето, Часот на планетата Земја прерасна во симболичен настан кој се одбележува во многу градови и земји, поддржан од индивидуалци, бизниси, организации и влади, со цел да се подигне еколошката свест кај граѓаните.