Вчера издадени 2.254 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 08,00 часот на 28.09.2015 до 29.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.254 странски државјани, од кои, 1.558 се од машки пол, 240 се од женски, 374 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 82 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1337, Авганистан –478, Ирак-320,додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 29.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 105.007 странски државјани, од кои, 69.643 се од машки пол, 14.094 се од женски, 17.710 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 3.560деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-79.017, потоа Авганистан-11.478, Ирак-6.839, Пакистан-2.767 Палестина-1.139, Сомалија-635, Бангладеж-645, Иран-646, Конго-371, Нигерија-222, Камерун-178, Еритреја-163, Етиопија-126, Судан-115, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 28.09.2015 до 29.09.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 29.09.2015 година до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 37 барања се од државјани на Сирија, од нив 10за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 28.09.2015 година евидентирани се 3 баратели на азил, сите мажи((еден повреден). Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две малолетни лица без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Црвен крст мобилни тимови
27.09/ 17.00 – 28.09 / 17.00

Табановце
Укажана прва помош :231 лицe
Вода :552 шишиња

Пакети со храна: 29 ( дополнително се поделени 200 сендвичи донација од Прокредит банка)
Ќебиња: 57
Бисквити: 29 кутии ( x 100 пакувања)
Пелени: 29
Бебе сет : 12
Хигиенски пакети: 7

Гевгелија
Укажана прва помош: 735 лицa
Вода : 4032 шишиња
Хигиенски пакети: 56
Пакети со храна : 174
ќебиња: 689
Млеко за бебе:7
Бебе сет: 6
Бисквити:600 кутии

Двопек: 684 пакувања