Утре седница на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Општина Охрид

Утре во малата сала на општина Охрид, ќе се одржи седница на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Општина Охрид со следниов дневен ред:

  1. Усвојување на записникот од конститутивната седница на Советот
  2. Извештај за одржаните активности кои Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид, ги реализира во периодот јуни-септември 2015 година
  3. Избор на заменик претседател на Советот
  4. Информација за претстојната активност на Републичкиот совет за безбедност на патиштата во сообраќајот поврзана со Втората национална стратегија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2015-2020 година
  5. Тековни работи поврзани со Програмата за работата на Советот
  6. Разно.