Под покровителство на Министерството за образование и наука, Претставништвото на фондацијата Конрад Аденауер во соработка со центарот Вилфрид Мартенс за европски студии во Брисел, во периодот од 25-ти до 27-ми септември извршија обука на ученици и наставници во Охридската гимназија на тема: Визии и желби за Европа, Модел на иднината на Европа.
На обуката беа симулирани процесите на водење преговори на земјите кандидати за Европска унија. На симулацијата учествуваа 35 ученици од втора до четврта година од Охридската гимназија „Св.Климент Охридски“ под менторство на проф. Ристо Николески и Марија Чанова.
Со овој проект охридската гимнзија започна соработка за понатамошни активности со споменатата фондација.