Традиционално верниците денес го одбележаа празникот посветен на Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија во истомената црквичка во Лагадин.
На големиот црковно народен собир покрај бројните верници, присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
Заедно со бројни охриѓани, градоначалникот Бакрачески ги проследи сите верски обичаи кои се однесуваат на овој празник и молејќи се за добро здравје посака денешниот ден да ги исполни со сила, верба и благослов сите верници.
Црквата во Лагадин пред 15 години ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче по повод 2000 години од христијанството. Оттогаш секоја година на овој ден се организира заедничка прослава на именденот на сите охриѓани кои ги носат имињата на маченичките.