Царинската управа ја продолжува акцијата за контрола на употреба на бандероли за акцизни стоки

На 29-ти и 30-ти септември, повеќе тимови на Царинарница Битола за контрола на обележување и употреба на контролни марки – бандероли извршија контрола на повеќе зелени пазари, малопродажни и угостителски објекти кои вршат промет со акцизни добра на територијата на општините Прилеп, Битола, Охрид, Струга и Вевчани.

Притоа, во 5 случаи од физички лица што продавале на зелените пазари во споменатите општини, привремено се задржани 112 литри домашна ракија, 3 литри коњак и 2,8 килограми режан тутун. Во 6 угостителски објекти е утврдена нелегална продажба на алкохол, пришто привремено се задржани 13 литри ракија и 1,5 литри други алкохолни пијалоци – виски, узо и аквавит.

Сите привремено задржани алкохолни пијалоци (130 литри), и тутун (2,8 кг) не биле означени со контролни марки, а сопствениците не поседувале сертификат за квалитет, иако ги нуделе на продажба.

Против прекршителите Царинската управа презема соодветни мерки.

Царинската управа уште еднаш апелира на внимателност на граѓаните затоа што конзумирањето неиспитани, потенцијално неисправни алкохолни пијалоци неозначени со контролни марки претставува сериозен ризик по здравјето и животот на луѓето.

Izbor gradski pazar 01 Izbor gradski pazar 02 Izbor Rezan tutun i konjak