Градоначалникот Никола Бакрачески, попладнево се обрати на отворањето на Меѓународниот симпозиум на друштвото на градежни конструктори на Македонија што по 16-ти пат се одржува во градот домаќин – Охрид.
„Најнапред би сакал од името на граѓаните на град Охрид и во мое лично име да ви се заблагодарам што токму во нашиот град го организирате Симпозиумот на кој верувам дека ќе бидат презентирани научни сознанија, современи методи и техники за проектирање и изведба на градежни конструкции кои секако се предуслов за одржлив развој. Убеден сум дека размената на искуствата и зедничкото дружење во еден ваков посебен амбиент ќе добијат апликативна смисла на која сите ние би биле горди. Верувам дека единствениот прогресивен пат е оној на науката и тоа токму во оној дел во кој истата постанува видлива и применлива како конструкција, облик или форма. И затоа знам дека завршните часови на овој симпозиум ќе се еден сублимат кој ќе ги постави идните насоки, ќе проникне во инвентивноста на младите истражувачи и ќе вроди со конкретни соработки во областа. Уште еднаш ви посакувам пријатен престој во Охрид и успешна работа“- рече Бакрачески.
Ваквите средби се потврда за стратешката определба на локалната власт постојано да го осовременува конгресниот туризам.
На овој меѓународен собир посветен на градежното конструкторство, учествуваат 300 градежници и архитекти од 12 земји, Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска,Словенија, Германија, Португалија, Италија , Грција, Казахстан и Соединетите Американски Држави.
Симпозиумот на градежни инструктори завршува на трети октомври.