Градоначалникот Бакрачески присуствуваше на приемот по повод Денот на германското единство

На покана на амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија д-р Кристине Д. Алтхаузер, градоначалникот Никола Бакрачески, денеска во Скопје присуствуваше на свечениот прием по повод одбележувањето на Денот на германското единство.

Germansko_edinstvo_4853

Градоначалникот Бакрачески се заблагодари за поканата и изрази благодарност за досегашната соработка, со надеж дека таа успешно ќе продолжи и ќе биде дел од добрите односи меѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија.

Germansko_edinstvo_4851