РК „Лихнид“ ја започнува новата историја во охридскиот ракомет

Ракометниот клуб „Моби Дик“ од Охрид годинава со ново име. Со решение од Централниот регистар на Република Македонија, клубот продолжува под името РК „Лихнид“.

Како и минатата година, така и оваа, РК „Лихнид“ ќе се натпреварува во женската пионерска ракометна лига во Република Македонија. Главна цел во оваа натпреварувачка сезона е освојување на едно од првите две места во групата во која се натпреварува, кои водат во завршното разигрување каде ќе се одлучува шампионот на Македонија во оваа конкуренција.

Првиот натпревар РК „Лихнид“ го игра во сабота со почеток во 13 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.

Поканети се сите љубители на спортот, особено на ракометот да дојдат и да ги бодрат охридските ракометни надежи.