Хит претставата „Детектор за лаги”, на 6-ти октомври (вторник) повторно e на репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20:00 часот.
„Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.
Влезот чини 100 денари.
Билетите за истата се пуштени во продажба.