ЈП „Охридски Комунале“ се вклучува во реализацијата на националната акција за чистење „Македонија без отпад 2015“ која ја организира Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата Ајде Македонија.
Во рамките на оваа акција утре ќе се спроведе расчистување на просторот околу магистралниот пат Охрид-Скопје на потегот од с.Подмоље до сообраќајната клучка на влезот во Охрид каде ЈП „Охридски Комуналец“ ќе ангажра 6 комунални работници и ќе се подигне собраниот отпад.