Со низа свечености се одбележа денот на општина Дебрца. Чествувањето започна со полагање свежо цвеќе во село Црвена Вода на спомен обележјето на Манифестот на генералштабот на НОВ и ПОМ, потоа беше отворен реновираниот споменик од Трајче Дојчиноски во село Белчишта.
„Овој ден не е посебен само за Дебрца, туку и за Македонија, бидеќи тогаш се обединува народот со повик да се вклучи во ослободувањето на својата земја. Дебрца е поим за слободарски дух ,за силна желба за самостојност ,Дебрца е поим за хероизам и саможртва ,за неисцрпна енергија и љубов од сите и кон сите.
Манифестот на Генералштабот на НОВ и ПОМ од трети октомври 1943. во с.Црвена Вода, под височините на караорман, според својата содржина има програмски карактер за натамошниот развој на антифашистичката борба на македонскиот народ, повикуваќи ги не само Македониците туку и другите етнички заедници кои од секогаш биле дел од овој крај. Човекољубието на оние кои се борат за паравда ,слобода и неизвесност се гледа токму во тие нивни обиди да не прават разлики ,дискриминации и поделби, туку да зближуваат и обединуваат .
Политичкиот комесар Цветко Узуновски, командантот Михајло Апостолоски, членовите на Штабот: Методија Андонов Ченто, Хамди Дема, Страхил Гигов, Венко Марковски, Пере Пирузе, Елисе Поповски, Кузман Јосифовски и Никола Минчев се основоположници и потписници на иницијативата да се обедини војската и народот, да се стави крај на најголемото зло на дваесетиот век-фашизмот. Нивните имиња и денес се светилници според кои пловиме низ морето на осознавање, создревање, самостојност, море некогаш мирно и сино, некогаш матно и разбранувано
Особено ние ,Дебрчани, сме горди на нашето минато , на нашите вечни слободарски идеали со кои и денес чекориме, обидуваќи се да и дадеме нова смисла и нов квалитет на нашата општина ,на животот во неа, на обидите нашите поколенија, кои се задоени со вербата во Македонија како единствена роднина, да имаат подобар и посигурен живот. Можеби не успеваме во целост да реализираме некои идеи и желби,заложби и соништа ,но имаќи ги во доволен број трасираме пат кон подобра иднина за нашите деца, за нашата Дебрца“. – рече во своето обраќање градоначалникот Трајкоски.