Белиот оризот да се откупува со почетна цена од 50 денари по килограм. Ова на работниот состанок во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го договорија претставници на откупувачите, земјоделските здруженија и на оризопроизводителите.
Жетвата на оваа житна култура е на почеток, поради што Министерството ќе продолжи да ја следи состојбата со откупот и во зависност од движењето на цените на пазарот и доколку има потреба ќе се оддржи уште еден состанок.