Во рамки на планот за годишни активности на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, активно се работи на санирање на ударните дупки, прекопи и навлаки на улиците по целата територија на општината.
Во моментов се работи на асфалтирање и санирање на ударните дупки во селата Орман, Горно и Долно Лакочереј. На почетокот од оваа недела се асфалтира и поголем потег на ул. „Билјанини Извори“ во близина на ОМУ „Методи Патчев“ и еден помал дел од улицата „Кирил и Методиј“ во УЗ Кошишта.
Акцијата за асфалтирање и санирање на оштетените делови од улиците низ Охрид ќе продолжи и во следниот период со позасилена динамика на градежните активности.
Градежните активности во рамките на оваа акција започнаа минатиот месец со санирање на оштетувањата долж улиците во централното градско подрачје по што санации на оштетувањата се вршат низ патиштата во руралните средини.