Во периодот од 08,00 часот на 03.10.2015 до 04.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.998 странски државјани, од кои, 1.329 се од машки пол, 239 се од женски, 383се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 47деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1001, Авганистан –748, Ирак-106,додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 04.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно115.499странски државјани, од кои, 76.445се од машки пол, 15.372се од женски, 19.638се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 4.044деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-84.665, потоа Авганистан-14.948, Ирак-7.591, Пакистан-3.031 Палестина-1.169, Иран-761, Сомалија-711, Бангладеж-689, Конго-372, Нигерија-227, Камерун-184, Еритреја-166, Етиопија-1290, Судан-118, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 08,00 часот на 03.10.2015 до 04.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 04.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 37 барања се од државјани на Сирија, од нив 10за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.