Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,02%, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на исто ниво во однос на цените утврдени со Одлуката од 21.09.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 ден/лит и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,034 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 21.09.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 20,088 ден/кг.