Околу 300.000 пензионери од го добија ветеното зголемување од 621 денар. Зголемујвање е линеарно кај сите пензионери, а најголемо е кај оние со под 9.000 денари пензија каде зголемувањето е 7 проценти.
Зголемувањето на пензиите и поддршката што ја добиваат пензионерите од Владата преку други проекти денеска беше повод за средба на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов со раководството на Сојузот на пензионери на Македонија.
„Исполнето е едно од најкрупните ветувања на Владта на Република Македонија. Од утрово во цела земја за околу 300 илјади пензионери почна исплатата на зголемената пензија. Како што ветивме линеарно секој пензионер доби зголемување од 621 денар и на тој начин помагаме да се подобри животниот стандард на пензионерите”, изјави по средбата вицепремиерот Ставрески.
Тој додаде дека поддршката на пезнионерите е изразена во повеќе сегменти, а не само во зголемувањето кое се одвива во континуитет.
„Зголемувањето на пезниите го имаше и минатата година го имаше и предминатата и ќе го има и следната година. Во Буџетот за 2016 година е предвидено ново зголемување на пензиите за 650 денари кое ќе го добијат во октомври. Покрај тоа и со другите мерки ги поддржуваме пензионерите во насока на подобрување на условите за живот за преку 300 илјади лица”, рече Ставрески.
Министерот за труд и социјална политика посочи дека заклучно со ова зголемување просечната пензија заклучно со октомври 2015 година има пораст од 70 проценти, а на најниската пензија тоа е 84 проценти. Тоа, според него, е големо зголемување постигнато изминатите години.
„Континуирано водиме дијалог и како резултат на таа соработка продолжуваме со реализација на проекти кои се позитивни за сите пензионери”, рече Спасов додавајќи дека еден од тие проекти е ветеното зголемување на пензиите.
Претседателот на Сојзуот на здруженијата на пензионери Драги Аргировски ја оцени соработката со Владата како добра и рече дека благодарение на таа соработка се овие резултати.
„Сите пензионери се задоволни особено со зголемување на пезниите. Пензиите секаде се намалуваат само кај нас се зголемуваат. Со денешното зголемување просечната пензијата изнесува 220 евра, додека во Србија е 190, Бугарија 135 евра, во Косово 120 и во Албанија 145 евра.” рече Аргировски.
Тој додаде дека за одбележување е тоа што зголмеувањето е поголемо кај пензионерите со пониски пензии. Така што, како што рече, 220.000 пензионери сега добија повисоки пензии за 4 до 8 проценти.
Покрај зголемувањето на средбата станало збор и за другите проекти, а миистерот Спасов ги повика пензионерите да ја искористат можноста и да аплицираат на проектите за бесплатна бања и викенд во 2016 година за што имаат уште два дена.