Светски ден на живеалиштата

Со Резолуцијата 40/202 од 17 декември 1985 година, Генералното собрание на ОН го назначи првиот понеделник од октомври како Светски ден на живеалиштата.

Оваа година, Обединетите Нации ја избраа темата „Јавни места за сите“ со што Кампањата за Светскиот ден на живеалиштата за 2015 година има цел да ги препознае предизвиците и прашањата околу јавните места.

Улиците и јавните простори често се занемарени и потценети, но се повеќе се сметаат за ‘рбет на градовите. Јавните места се места кои се достапни и пријатни за сите, вклучувајќи ги парковите, улиците, тротоарите, пазарите и игралиштата.

Добрите јавни простори ја подобруваат кохезијата на општеството и го промовираат здравјето, среќата и благосостојбата на сите граѓани, а исто така привлекуваат и инвестиции, економски развој и еколошка одржливост.

Добро дизајнирани и управувани јавни површини и улици се клучна предност за живеење и економија на градот:

  • Вредноста на имотот се зголемува;
  • Ја зголемува безбедноста;
  • Поттикнува социјална кохезија и еднаквост;
  • Се подобрува здравјето и благосостојбата;
  • Ја подобрува животната средина;
  • Го прави градот поатрактивен;
  • Промовира поефективен и поефикасен транспорт и мобилност.

WebOhrid