Задолжителна употреба на детско седиште предвидува новиот Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата. Овие сериозни измени се во насока на заштита на децата во сообраќајот.
Имено според новите законски одредби, во патнички автомобил на задното седиште, смее да се превезува дете помало од 5 години, во поставено специјално детско седиште, кое за седиштето од возилото е прицврстено со сигурносен појас или на друг соодветен начин.
На совозачкото седиште дозволено е да се превезува бебе – дете помало од 2 години, под услов ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето е во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење на возилото.
Непочитување на оваа одредба од законот ќе ве чини 35 евра во денарска противвредност, или 15 негативни поени.
Ова е исклучително важна одредба, која сериозно ќе влијае во подигнување на безбедноста на децата во сообраќајот.
Извор: Нет Прес