АППТ во март ќе учествува на Интернационални саемски манифестации за туризам

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија известува дека во месец март 2016 година ќе учествува на следните интернационални саемски манифестации:

ITB

Германија

Берлин

09 – 13 март

Mitt

Русија

Москва

23 – 26 март

Според Упатството на АППТ на РМ за начинот и постапката за учество на интернационални саемски манифестации за туризам, право за учество имаат сите правни лица, здруженија, организации, државни институции, образовни институции кои работат во областа на туризмот и тоа на следниот начин:

Член 4 Точка 1: За закуп на едно работно место (пулт), една маса за преговори со две столчиња со еден или двајца претставници

Овој пакет предвидува:

– Монтажа и демонтажа на опрема на штандот;

– Осветлување и оддржување на хигиена на штандот;

– Обезбедување на една или две влезници на саемот за сите денови;

– Вклучување во официјалниот каталог, користење на остава и гардароба,

– Натпис и лого на Учесникот на работното место (пултот)

Член 4 Точка 2: Учество само со промотивен материјал е бесплатно.

Овој пакет предвидува:

– Изложување на промотивниот материјал на заеднички сталак;

– Делење на промотивниот материјал од страна на претставниците на АППТ;

– Користење на маса за преговори по предходно пријавен термин кај менаџерот на саемот, не подолго од 20 минути од состанок

Износот на котизацијата за учество на саемските манифестации според Точка1 со закуп на пулт во Берлин и Москва е во висина од 30.000,00 денари без ДДВ.

Рокот за пријавување на горенаведените саемски манифестации е 20ти октомври 2015год.

Напомена 1: Учеството на саемските манифестации под Точка 1 треба да го потврдите во писмена форма со пополнување на Формуларот кој ви е доставен во прилог на истиот е маил. Бројот на пултовите е ограничен, затоа ќе се оди по принципот кој прв се пријавил!

Напомена 2: Пополнетиот Формулар да се достави на емаил nikola.gjoshev@tourismmacedonia.gov.mk

АППТ на РМ го задржува правото на промена на саемските манифестации поради фактот што се уште не е донесена Програмата на Агенцијата за 2016 година.