Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески продолжува со директните средби со граѓаните на Охрид. Денес со почеток во 17 часот ќе оствари средба со жителите на Урбана Заедница Видобишта и УЗ Железничка. Средбата ќе се оствари во големата сала на општина Охрид.
На средбата покрај соработниците на градоначалникот ќе бидат присутни и директорите на Јавните претпријатија.
Целта на средбата е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие жители и можностите за нивно побрзо решавање.