Јавното претпријатие „Нискоградба“, на „Булевар Туристичка“ и ул. „Стив Наумов“, започна со поставување на цевководи за спроведување на атмосферските води во шахтите, приклучок и тампонирање на улицата.
Активностите претставуваат подготовка за отпочнување на градежните зафати на новиот кружен тек кој ќе се изведува на тој потег. Со изградбата на ова сообраќајно решение значително ќе се олесни движењето на сите учесници во сообраќајот и ќе се зголеми нивната безбедност.