Претседателот Иванов на проштална средба со амбасадорот на Социјалистичка Република Виетнам во Република Македонија, Ле Дук Луу

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во проштална средба го прими амбасадорот на Социјалистичка Република Виетнам во Република Македонија, Н.Е. г. Ле Дук Луу.

На средбата беше повторен интересот и подготвеноста за развивање на економската соработка и трговската размена меѓу двете земји. Во тој контекст, соговорниците истакнаа дека е неопходно да се пристапи кон уредување на правната рамка, меѓу Република Македонија и Социјалистичка Република Виетнам.

Претседателот Иванов изрази задоволство од досегашната соработка со амбасадорот, и од неговиот придонес и ангажман во унапредување на билатералните односи и соработката меѓу Република Македонија и С.Р. Виетнам.

Амбасадорот на С.Р. Виетнам, г.Ле Дук Луу, се заблагодари за укажаното гостопримство во текот на неговиот мандат и изрази задоволство од вршењето на дипломатската должност во земјава.