Облачно, врнежливо и свежо време не очекува за престојниот продолжен викенд. Како што најавуваат од УХМР, денес нашето подрачје е под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот која претпладнево условува претежно облачно време со слаб локален дожд.
Во текот на денот врнежите ќе се прошират насекаде, локално ќе се интензивираат и ќе бидат проследени со ретки грмежи. Пообилни врнежи ќе има во вечерните и ноќните часови кога на места ќе наврнат над 30л/м2, особено во јужните и источните делови.
Утре претежно облачно со повремени врнежи од дожд
Облачно, врнежливо и свежо време не очекува и во текот на утрешниот ден. Утре ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и умерен југоисточен ветер. Во петок ќе биде променливо со слаб локален дожд.
Во сабота нов влажен бран
Нов влажен бран со обилни врнежи од дожд ќе има во сабота кога локално се очекуваат околу 50л/м2 воден талог, особено во западните и северните делови од земјава.
Извор: Нет Прес