Здружението на педијатрите на Република Македонија го организира Шестиот конгрес на педијатрите на Македонија со интернационални учесници, кој ќе се одржува од утре 8-ми до 11-ти октомври во Струга.
Повеќе од 500 доктори од целиот свет меѓу кои и 24 врвни експерти во полето на неонатологијата и педијатријата од 13 држави ќе присуствуваат и ќе одржат предавања на неколкудневниот настан.