И покрај променливото есенско врнежливото време туристичките работници очекуваат капацитетите во Охрид, Преспа и Дојран за продолжениот празничен викенд да бидат значително исполнети не само со странски туку и со домашни викенд гости. Според нив, есента е време кога почнува и конференцискиот и семинарскиот туризам.
Но оваа есен Македонија е значително повеќе посетена од лани, бидејќи е дел од повеќе интересни туристички тури. Според Дончо Таневски од ХОТАМ во моментов најактуелни се таканаречените балкански тури во кој е вклучена и Македонија и каде гостите престојуваат во секоја земја од 2 до 3 дена и притоа организирано се носат да посетат различни атрактивни локации.
Во овие екскурзии се вклучени гости од земјите од ЕУ како што е Австрија, Полска, Германија, Швајцарија, Велика Британија, но и од Турција, Америка и Австралија.
„Се работи за интересна понуда при што гостите можат да се запознаат со најатрактивните туристички градови и локациина Балканот. Во оваа туристичка овиколка се вклучуваат повеќе земји како на пример од Хрватска до Грција, или одТурција преку Грција, Македонија, Албанија до Црна Гора и Босна и Херцеговина. Се работи за повеќе интересни патниправци по сувоземен или авионски пат, а во нив е вклучена и посетата на нашата земја“ – појаснува Таневски.
Што се однесува за оценките на годинашната туристичката сезона во земјава, Таневски потврдува дека на стартот во април, мај имавме одличен почеток.
„Но потоа дојдоа политичките случувања, па имавме период на откажување на аранжманите за во јули, август и септемврибројката на странски туристи да ја надмине онаа од лани која беше рекордна“ – посочува Таневски и додава дека добро ешто на крајот се се испегла и крајниот резултат е поволен, односно имавме одлична туристичка сезона која за среќа сеуште трае и во октомври.
Тој информира дека во средината од овој месец ќе завршат чартер летовите кои пристигнуваат од земите од Бенелуксот, а онашто особено радува е што веќе се договорени за идната сезона.
„Ова е потврда дека туристите, најмногу од Холандија, Белгија се задоволни од она што им се нуди во земјава и од аспект на сместување, храна, но и посета на културно-историски споменици “– вели Таневски.
Според него, за празникот 11 Октомври домашните туристи повеќе ќе престојуваат во приватните студија и апартмани.
Таневски потсетува дека добар дел од хотелското и приватното сместување од пред 10 години ги има на повеќе интернационални интернет сајтови како што е букинг, пегасус… со што нашите понуди се достапни за туристите од целиот свет.
Тој посочува дека изминативе 6 до 7 години драстично е подобрен квалитетот на приватното сместување.
„Самите сопственици на приватните капацитети согледаа отиза да го привлечеш туристот треба да му понудиш“ – смета Таневски поквалитетно, како она што е во хотелите или студија и апартмани, а не обични соби кои имаат заеднички тоалет и бања -смета Таневски.
Тој е задоволен што Македонија станува атрактивна дестинација и за странските туроператорите, бидејќи од идната година светски познатиот “Томас Кук“ ќе организира чартер летови од Белгија за Охрид, а веќе се склучени договори со 16 хотели каде туристите ќе престојуваат.
Статистиката потврдува дека повеќе од 60% од странските гости што престојуваат во земјава се сместуваат во хотели со 4 и 3 ѕвезди. Расте и девизниот прилив кој лани достигна околку 300 милиони долари, а годинава се очекува оваа бројка да биде нешто поголема.
Туризмот станува значајна стопанска гранка во земјава. Се очекува до 2020 година тој да партиципира 5% во македонскиот БДП.
Во моментов овој процент е 1,3% од БДП.
Извор: Vecer.mk