Основците од „Живко Чинго“ – Велгошти го одбележаа 11-ти Октомври

По повод 5-ти Октомври – Денот на учителот, Детската недела, а и претстојниот празник 11-ти Октомври, денес во ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти се одржа свечена приредба.

„На приредбата и претходеше уредување пригодна изложба со цртежи од учениците на трите теми, а исто така и читање на предавање за Правата на детето на состанокот на Детската организација. Присутните покрај предавањето, се запознаа со припремите и подготовките за приредбата.“ – велат од училиштето.

На приредбата настапија учениците од ова училиште со песнички, стихотворби, ритмички точки и рецитали на тема „Учителка“, „Детето“ и „11-ти Октомври“.

На крај на приредбата првачињата ја дадоа својата заклетва со што станаа членови на Детската организација.

WebOhrid