Ученичката во прва година во ОУТУ „Ванчо Питошески“, Анастасија Крстаноска член на литературната секција, под менторство на професорот по македонски јазик и литература Перчо Божиновски го освои второто место со прозна творба на литературниот награден конкурс „Животот и делото на Васил Иљоски“.
По повод одбележувањето на 20 години од смртта на познатиот македонски писател Васил Иљоски, Здружението на граѓани „Академик“ од Крушево на 15 септември 2015 година го распиша овој литературен конкурс на којшто учествуваа ученици од основните и средните училишта во Република Македонија. Изборот на наградените го изврши стручно жири составено од членови на „Академик“.
По разгледувањето на пристигнатите творби, Здружението за едукација „Академик“ од Крушево, одлучи да ги додели следните награди и тоа во проза:
Прво место: автор Мартин Николовски, IV година, СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола, Второ место: автор Анастасија Крстаноска, I година, ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид, Трето место: автор Марија Наумоска, IV година, СОУ „Наум Наумовски Борче“ – Крушево
Додека пак во поезија:
Прво место: автор Дијана Дурлевиќ, I година, Средно приватно училиште „Саба“ – Скопје, Второ место: автор Марија Нинеска, III година, СОУ „Наум Наумовски Борче“ – Крушево, Трето место: автор Елена Костовска, II година, СУГС „Никола Карев“ – Скопје.
Литературниот конкурс е дел од Манифестацијата по повод 20 годишнината од смртта на Васил Иљоски и тогаш ќе биде свеченото доделување на наградите, која како проект од национален интерес во културата од областа на драмската дејност за 2015 година е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.