Основците од „Братство Единство“ изработуваа мултиетничко катче од македонска и турска традиција

Во рамките на проектот МИО подржан од МОН, истовремено почитувајќи го детското право за дружење, денес во просториите на ОУ „Братство Единство“ – централното училиште, се одржаа заеднички активности меѓу учениците од трето и четврто одделение, изработка на мултиетничко катче од македонската и турската традиција, слушање и пеење на заеднички народни песни на двата јазици.

На активностите присуствуваа директорите на двете училишта, психологот на ОУ „Братство Единство“, менторот Славица Котеска, а реализатори на активностите беа наставниците Виолета Петковска и Ајсел Доко.