Царинските службеници на аеродромот Александар Велики во Скопје спречија обид за шверц на 76 штеки цигари.
На 7.10.2015 година околу 16:30 часот, за излез од Македонија со лет за Лондон се пријави британски државјанин. Прашан дали има нешто да пријави за царинска контрола, лицето одговори негативно, но при проверка на багажот царинските службеници пронајдоа 39 штеки цигари Marlboro Gold и 37 штеки Malboro Red, или вкупно 15.200 парчиња цигари.
Цигарите, сите со македонски акцизни маркички, се привремено задржани, а против сторителот покрената е прекршочна постапка пред Комисијата за одлучување за прекршоци.