Честитка од СВР Охрид по повод 11-ти Октомври

По повод 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ, од СВР Охрид до сите граѓани упатуваат искрени честитки за среќен и долговечен празник.

„Почитувајки ги слободарските традиции на македонскиот народ и оддавајќи почит на македонските поборници за слобода и мир, како демократска институција, доследно продолжуваме кон законско, етичкото и професионално решавање на безбедносни предизвици.

Неуморно ја продолжуваме нашата мисија за заштитата и унапредување на човековите права и слободи, бескомпромисно се бориме со сите видови и форми на криминалитет. Применуваме современи стандарди за проактивен и транспарентен концепт за соработка со граѓаните и нивни вистински сервис.

Посветено работиме на изградба на стабилен безбедносен систем и зацврстување на нашите демократски и професионални капацитети со што ја јакнеме Република Македонија како модерна, безбедна и Европска држава. “- стои во честитката.