Ракометарите на РК Охрид 2013 забележаа уште една победа во ВИП македонската ракометна Суперлига. Овој пат, на домашен терен охридската екипа го победи Пелистер со резултат 22:21.
Во Спортската сала „Билјанини Извори“, Охрид и Пелистер одиграа мошне интересен натпревар. Иако Охрид 2013 водеше во текот на целиот натпревар, сепак гостите успеваа да ја одржуваат резултатската неизвесност. Првото полувреме заврши со резултат 9-7 за РК Охрид 2013.
Во второто полувреме повторно одлична игра на Охрид 2013, но и ракометарите на Пелистер знаеа и тоа како да возвратат. На моменти охридските ракометари имаа водство од три голови, а Пелистер успеваше да го намалува резултатот, па дури и да изедначува. До крајот на натпреварот Охрид 2013 повторно дојде во водство кое го задржа и со резултат 22:21 успеа да го совлада Пелистер.
WebOhrid