Вчера издадени 2.055 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 08,00 часот на 09.10.2015 до 11.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.055 странски државјани, од кои, 1.138 се од машки пол, 301 се од женски, 483 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 133 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.115, Авганистан –618, Ирак-175, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 11.10.2015 годинаво 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно132.782странски државјани, од кои, 86.819се од машки пол, 17.704 се од женски, 23.378 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 4.881деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-94.413, потоа Авганистан-20.235, Ирак-8.669, Пакистан-3.274 Палестина-1.296, Иран-1.190, Сомалија-757, Бангладеж-744, Конго-426, Нигерија-233, Камерун-204, Еритреја-173, Етиопија-144, Судан-123, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 10.10.2015 до 11.10.2015 годинаво 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, за искажана намера за поднесување на барање за признавање за право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 11.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 68 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистани Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.