Учениците во општина Дебрца денес добија донација од страна на фондацијата Вржовски сопственост на Крис Вржовски од Перт Западна Австралија.
Вржовски на учениците им додели 12 комплети тренерки со што им посака успех во образовниот процес.
Донацијата беше организирана од страна на почесниот Конзул на Република Македонија во Западна Австралија, Зоран Ќосески. На примопредавањето присуствуваа градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски и директорот од ОУ „Дебрца“, Иван Димоски.