На 12.10.2015 година околу 16,40 часот во Скопје на фудбалскиот стадион на ФК Локомотива при одигрување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Локомотива од Скопје и ФК Гоблен од Куманово од страна на член на управата било побарано да биде отстранет Н.Ќ.(50) навивач кој бил пред соблекувалните, а истиот не смеел да биде таму. Од страна на полициски службеник му било наредено да излезе на што Н.Ќ. се оглушил на наредбата започнал вербална расправија, а потоа и физички го нападнал полицискиот службеник. Истиот е приведен, извршен е разговор и по целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.