Кривична пријава за лице од Лабуништа поради измама

НККР Струга поднесе кривична пријава против С.Ќ.(51) од с.Лабуништа, за сторено кривично дело „измама“.

Во текот на јули 2016 година, пријавениот со цел за себе да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда три лица со лажно прикажажување на факти и можности дека за одреден паричен надомест може да им обезбеди државјанство за Р Чешка. По ова лицата му исплатиле по 3.500 евра или вкупно 10.500 евра а остатокот од парите се договориле да му бидат исплатени после 120 дена откако ќе им ги обезбеди документите. По одредено време откако лицата не добиле никакви документи, и со пријавеното лицето не можеле да стапат во никав контакт, случајот го пријавиле во полиција.