Здружението на клубови од втора лига мажи денес одржа седница во просториите на МКФ во Скопје.
Поради откажување на екипите на КК „Гоце Делчев“ и КК „Борец Баскет“, но и поради неплатена котизација на дел од клубовите, стартот на Втората машка кошаркарска лига е пролонгиран.
Ждребот за натпреварите за сезоната 2015/2016 е закажан во вторник (20 октомври).
WebOhrid