Најдобриот македонски џудист, Катерина Николовска во периодот 16-18 Октомври ќе учествува на Европскиот Џудо Куп “ДУБРОВНИК 2015“ кој е во организација на Европската Џудо Унија.
Претходно, Катерина освои златен медал на „ДРОБЕТА“ џудо купот во Романија, учествуваше на Европскиот куп во Белград и напорно се подготвуваше на престојните активности преку кои треба да обезбеди учество на ОИ РИО 2016.
МОК е единствената институција во Македонија која во целост веќе две години ги финансира сите активности на нашиот најдобар џудист (потврдено од Меѓународната Џудо Федерација). Се надеваме дека Катерина Николовска ќе ги оправда овие „инвестиции“ од страна на МОК и дека, како резултат на нејзината макотрпна работа, добрите резултати наскоро ќе пристигнат.