Советот на родители при ОУ „Живко Чинго“ со донација за учениците од ранливите категории

Советот на родители при ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти, реализирајќи ја својата годишна програма за работа, денес со поддршка на ОО Црвен Крст Охрид за учениците на кои им е потребна материјална помош и поддршка, им обезбеди облека и обувки.

„Советот на родители во претходна консултација со одделенските наставници изработи листа на потребни средства за одреден број ученици, па потоа во соработка со ОО Црвен Крст обезбедија дел од она што беше потребно. Оваа соработка се негува и се надеваме дека и понатаму ќе продолжи.

received_10206348237882553

Исто така Советот на родители се обрати и до други институции и фирми од кои бараат поддршка и донација за учениците во училиштето. Се надеваме дека и други фирми, лица и институции ќе излезат во пресрет за оваа акција.“– информираат од училиштето.

Оттаму додават дека Советот на родители при ОУ „Живко Чинго“ Охрид е вклучен во многу активности во работата и животот на училиштето и заедно со вработените од училиштето се трудат да обезбедат услови за сите ученици да можат непречено да ја следат наставата и да се чувствуваат задоволни во училиштето.

received_10206348237842552

WebOhrid