Вчера издадени 2.555 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 08,00 часот на 15.10.2015 до 16.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.555 странски државјани, од кои, 1.444  се од машки пол, 394  се од женски, 638 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 79 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на   Сирија-1.356, Авганистан –791, Ирак-271, додека другите се во помал број.
     
Во периодот од 19.06.2015 до 16.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 145.834 странски државјани, од кои, 94.279 се од машки пол, 19.832 се од женски, 26.002 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 5.721 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-101.259, потоа Авганистан-23.557, Ирак-10.457, Пакистан-3.565, Иран-1.482, Палестина-1.451, Сомалија-794, Бангладеж-791, Конго-436, Нигерија-241, Камерун-207,  Еритреја-201, додека останатите се во помал број.  

Во периодот од 08,00 часот на 15.10.2015 до 16.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 16.10.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
    
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 15.10.2015 година евидентирани се 2 баратели на азил – мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 4 баратели на азил ( малолетно лице без придружба на старател, малолетно лице  со придружба на старател и двајца  мажи )  се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.