Меѓународен ден за искоренување на сиромаштијата

Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата се одбележува на 17-ти октомври секоја година, почнувајќи од 1993 година, кога Генералното собрание на Обединетите нации, со резолуцијата 47/196, го назначи овој ден за да се поттикне свеста за потребата за искоренување на сиромаштијата и бедата во сите земји. Борбата против сиромаштијата останува во сржта на Милениумските развојни цели на ОН и развојот на агендата по 2015 година.

Овој ден има цел да ги препознае луѓето кои живеат во сиромаштија како критични партнери во борбата против развојните предизвици со кои се соочуваме.

„На овој ден ние се залагаме, мислиме, одлучуваме и дејствуваме заедно против екстремната сиромаштија, и планот за еден свет каде што никој не е изоставен. Нашата цел мора да биде просперитет за сите, а не само за неколку“. – истакна Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-мун.

 WebOhrid